This project is co-financed by the European Union through Ако проговорите со јазикот на великодушноста, срдечноста и толерантноста, тогаш сте го пронашле вистинското место – ГЕВЕЛИЈA.
Македонија во срцето, Европа во душата.
Гевгелија е порта за ново пријателство и партнерство.
Гевгелија секогаш може да понуди повеќе од тоа што го очекувате, затоа што гевгелиското гостопримство е топлина која извира од вековната традиција.
Некогаш град - крстосница низ кој минувале трговците од Европа, денес Гевгелија е град - домаќин на секој патник - намерник отворен за идна соработка.
Гевгелија како град се роди во 1886 година и оттогаш, расте, се развива и на своите граѓани им обезбедува пристоен живот.
Гевгелија минала низ многу премрежја, но, успеало да опстане.
И што е уште поважно, да стане посакувана дестинација за живеење.
Да стане препознатлив бренд.
И тоа, не само поради отвореноста и гостопримството на градот и неговите граѓани.
Поради благата медитеранска клима, еколошката средина и благосостојбата на поднебјето.
Поради првите домати, зрели смокви и пространите плантажи со грозје.
Поради туристичките погодности и репрезентативните хотелски капацитети.
Туку и поради обезбедените поволности и услови за живот според европските стандарди.
Гевгелија е и останува европска порта за Република Македонија.