This project is co-financed by the European Union through
Конска Река извира од месноста Кичи Кај на планината Кожуф, на надморска височина од 1520 м. Нејзиното течение продолжува по падините на Кожуф во правец запад-исток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува покрај селата Конско, Ново Конско, Моин, како и јужно од градот Гевгелија. Се влева во Вардар од нејзината десна страна, во близина на Гевгелија, на надморска височина од 44 м.