This project is co-financed by the European Union through Дошница е река во Македонија, десна притока на Бошава. Извира под врвот Зелен Брег на планината Кожуф, на надморска висина од 1.900 м, а во Бошава се влива на надморска висина од 150 m. Долга е 38,5 км, има вкупен пад од 1.750 м и просечен пад од 45,5‰. Сливот зафаќа површина од 193,4 км². Водите од оваа река се користат за производство на електрична енергија во хидроцентралата „Дошница“.
Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато.