This project is co-financed by the European Union through Христијански празник, а според некои хроничари – пагански обичај кој се привлекол во пазувите на христијанската религија некаде во почетокот на средниот век. Се празнува наспроти Големиот христијански празник „Бадник“, во скоро сите населени места на Општината а, најмасовно се одбележува во населеното место Негорци. При приквечерината се пали голем коледарски оган, а традицијата вели дека во Негорци се палеле три огнови на три различни места, на кои се собирале не само мештаните, туку и голем број посетители од други населени места. На добронамерниците им се дели топла варена ракија, чај, кикиритки, ореви и др. а во исто време најмалите коледари пеат коледарски песни по домовите на мештаните и затоа се дарувани со скромни подароци.