This project is co-financed by the European Union through 7-ми Ноември е празничен ден на општина Гевгелија. Повод за преземање на 7-ми Ноември за ден на Општината е ослободувањето на Гевгелија од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна, што се случило токму на 7-ми ноември. Од педесеттите години на претходниот век, Седми Ноември, пригодно се одбележува секоја година со општествено-културни манифестации, а секоја четврта година се доделуваат награди и признанија на личности кои дале посебен придонес и залагање во дејноста на своето работење во Општината, од страна на Советот на Општината.