This project is co-financed by the European Union through Мултимедијалниот фестивал БОШ се одржува секоја година на крајот на месец Август и трае 3 дена. Секоја година на фестивалот се понудуваат повеќе концерти, изложби, инсталации, работилници, перформанси и филмови кои се случуваат во и околу Народниот театар во Гевгелија и Пионерскиот дом. Првото издание на БОШ фестивалот се реализираше во 2009 година, во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008).
Во изминатите години на фестивалот, кој е во организација на Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Арт Еквилибриум од Гевгелија, учествувале повеќе од 300 уметници.