This project is co-financed by the European Union through Манифестацијата „Смоквијада“ традиционално се одржува секоја година во Гевгелија, во втората половина на август месец на градскиот стадион. На манифестацијата, покрај културно – забавна програма, се одржува натпревар во приготвување на слатко од зрели смокви. За време на фестивалот, учесниците на манифестацијата ги креираат и штандовите најдобро што умеат, со цел да се здобијат со титулата „најдобро уреден штанд“ и највкусно приготвено слатко од смокви. На најдобрите приготвувачи на слатко од смокви им се доделуваат пригодни наградади. Освен овие производи се изложуваат и штандови на локалните производители со традиционалните македонски слатка, џемови и ајвар, познати преработки на зеленчук и овошје во општина Гевгелија.