This project is co-financed by the European Union through Меѓународната ликовна колонија „Аполонија“ се одржува секоја година во хотелот Аполонија, кој што е покровител на оваа манифестација. На истата учествуваат уметници од земјата и странство, кои што творат со подеднаков интензитет и посветеност. Учествуваат докажани уметнички имиња, но и претставници на помладата генерација ликовни творци. Децениската уметничка традиција на Гевгелија, со свое учество на колонијата ја претставуваат и младите членови на локалното Друштво на ликовни уметници. Десетдневно креативно уметничко творештво на учесниците се презентира преку заедничка изложба. Инаку, ликовната колонија „Аполонија“ доби и јубилеен десетгодишен сертификат за опстојување.