This project is co-financed by the European Union through Детскиот музички фестивал „Калинка“ секоја година се одржува во Гевгелија. Почна да се организира под покровителство на Пионерскиот Дом, а последната деценија прерасна во интернационален детски музички фестивал, на кој покрај домашни изведувачи учествуваат и претставници од други соседни држави. На фестивалот „Калинка“ продефилираа голем број деца со песни, од кои солиден број на музички детски остварувања денеска се познати хитови и на државно ниво, а одредени почетници во музиката, кои поминаа низ детскиот фестивал денеска се познати пеачи на македонската музичка естрада.