Air Bansko
Interreg
EU This project is co-financed by the European Union through
Interreg - IPA Cross-Border Programme "Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia"
Project “Affirmation of the natural and cultural values in the border region for better visibility and access” Ref. No CB006.1.21.183

Народната традиционална манифестација „Ѓура Мара“ – (3 ден од Велигден) (Април или Мај)

Народната традиционална манифестација „Ѓура Мара“ секоја година се одржува во Миравци, која според преданијата опстојува и сведочи околу 200 години. Поврзана е со верување во преданија, а според одредени хроничари на  вистински настан и човечки судбини. Имено, тука се зборува за братот Ѓуро и сестрата Мара која била грабната од орото додека играла со девојките од селото. Братот Ѓуро тргнал заедно со другарите да ја спаси од грабнувачите, но притоа загинал во борбата со нив. Сестрата била вратена во селото, тажна за загубата на братот. Оттогаш во селото, на третиот ден на Велигден, се игра само моминско оро, а постарите жени со стапови бранат машките лица да се фатат на орото. Некогаш среде село, а денес на плоштадот пред Домот на културата се изведува сплет од народни ора од КУД „Танец“ од Миравци. Орото „Ѓура Мара“ станува атрактивна и интересна сценско-музичка изведба и како специфичен и интересен народен обичај се организира и одржува низ годините, во присуство на голем број посетители од повеќе градови и села.


Back