This project is co-financed by the European Union through Културната манифестација „Средба на распеани градови“, или позната како „Распеана Чаршија – Трби Трби, Гевгелиско“ се одржува во Гевгелија традиционално секоја година, во организација на Домот на култура „Македонија“, а под покровителство на Министерството за култура и на општина Гевгелија. На манифестацијата учествуваат околу 250 членови од културно – уметнички друштва од девет градови на Македонија и еден ансамбл од Бугарија. Програмата започнува со дефиле од Црквата „Св. Спас“, во чест на Светецот заштитник на Гевгелија, па продолжува низ улицата „Маршал Тито“ се до централниот градски плоштад каде што настапуваат со свои програмски точки сите ансамбли, од Гевгелија, Валандово, Дојран, Неготино, Струмица, Кочани, Радовиш, Охрид, Крива Паланка и од Сандански, Република Бугарија.