This project is co-financed by the European Union through Поетско музичката вечер „За тебе љубов моја“ традиционално се одржува во Гевгелија секоја година на 8-ми Март, Денот на жената. Првата манифестација се одржала под мотото „Кога мажот пее за жената“, за подоцна го добие постоечкиот наслов. На оваа поетска манифестација која што се одржува во хотелот „Аполонија“ настапуваат учесници со аматерски и професионални афинитети, задржувајќи ја конструктивната муза и идеја. Досега, организаторите доста успешно ја спроведуваат поетско-музичката манифестација, која добива се поголем публицитет и уметничка издржаност.