Air Bansko
Interreg
EU This project is co-financed by the European Union through
Interreg - IPA Cross-Border Programme "Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia"
Project “Affirmation of the natural and cultural values in the border region for better visibility and access” Ref. No CB006.1.21.183

Вила Тина (споменик на културата), Гевгелиjа

Објектот е подигнат меѓу двете светски војни, најверојатно во 1924 година. Дело е на архитектот Борис Дутов од Белград. Автор е на повеќе објекти во Скопје од тој период. Вила Тина во Гевгелија се разликува од се она што како негово дело е изведено во Скопје. Овој тип на градба е со сутеренско приземје и кат. Не излегува директно на главната улица, туку е конципиран како градска вила со дворна површина во предниот дел. Челната фасада е решена на тој начин што особено е нагласен катот (со оглед на тоа што приземјето е сутеренско) на кој од десната страна има пространа тераса до која водат ѕидани скали. Овој објект е приватен, прогласен за споменик на културата. Се наоѓа на главната улица на Гевгелија блиску Железничката станица.

Телефон

не

Вид транспорт

со кола, автобус и пешачки

Веб, ел. пошта

не

Достапност

асфалт

Работно време

не / приватен имот

Потреба на спец. облека

не

Адреса

Ул. Маршал Тито 13, Гевгелиjа, MK

Паркирање

Да

Странски јазици

н/а

Надморска височина

57 m

Цена на билет

н/а

До Гевгелиjа по воздух

0 км

Координати

41.1423680,22.5100278

До Гевгелиjа по патишта

0 км

Услуги на место

парк во близина

Покажи на картата

lets_go_there


Back