This project is co-financed by the European Union through
Смрдлива Вода — туристичко место сместено на надморска височина од 712 метри, оддалечено 24 километри од градот Гевгелија. Се наоѓа во атарот на селото Конско, помеѓу врвовите Флора, Аџибарица и Белези. Познат е по минералната вода и нејзината лековитост за стомачни и заболувања на желудникот и бубрезите. Минерални извори кај народот познати како „Смрдлива вода“ од каде што и целиот локалитет го добил своето име. Се нарекуваат така поради непријатната миризба на водата на „расипано јајце“. По својот хемиски состав се хидрокарбонатни, минерализирани, слабо кисели води. Се користат преку пиење за лекување на стомачните заболувања, потоа камен во бубрегот, песок и поситен камен во мочните патишта, воспаление во мочните органи и сл. Чистиот планински воздух и лековитоста на водата придонеле таа да се користи од локалното население уште меѓу двете светски војни, а по втората светска војна се изградиле и сместувачки локалитети за сместување и престојување на посетителите.
|
Телефон |
н/а |
Вид транспорт |
со кола, автобус и пешачки |
|
Веб, ел. пошта |
н/а |
Достапност |
асфалт |
|
Работно време |
24/7 |
Потреба на спец. облека |
не |
|
Адреса |
не |
Паркирање |
Да |
|
Странски јазици |
MK,EN,SR,BG |
Надморска височина |
735 m |
|
Цена на билет |
н/а |
До Гевгелиjа по воздух |
19.43 км |
|
Координати |
41.1920612,22.2816722 |
До Гевгелиjа по патишта |
24.2 км |
|
Услуги на место |
продавници, барови и ресторани наблизу |
Покажи на картата |