This project is co-financed by the European Union through „Свети Трифун“ е православен христијански празник, во чест на Светецот Трифун, кој живеел во средината на IV век од нашата ера и творел за доброто на сиромасите. На денот на Свети Трифун во Гевгелија и во населените места се врши закројување на лозовите насади, а традиционално овој обред се врши во населеното место Прдејци, каде што секоја година се менуваат кумовите на настанот. Исто така и останатите граѓани од општината, кои имаат лозови насади, на овој ден извршуваат зарежување на лозјата и нивно попрскување со „осветена вода“ во која има лозови гранчиња. Целиот процес има христијанско обележје бидејќи е исполнет со верување дека на овој ден се постигнува „Договор меѓу човекот, земјата небото и сонцето“, и затоа по закројувањето на лозјата се служат богати јадења, а се пие ракија и вино. Инаку, одгледувачите на грозје и преработувачи на вина го зеле Свети Трифун како заштитник на лозарите, лозјата и виното.