This project is co-financed by the European Union through Христијанскиот празник „Водици – Богојавление“ е поврзан со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан и неговото дефинирање како врховен и единствен бог. Секоја година се одбележува , како во Гевгелија така и во сите градови на Република Македонија. Во Гевгелија водосвет и симболичното фрлање на крстот се врши од мостот на реката Вардар крај истоимениот мотел, како христијанска симболика за спроведување на идејата на маките и спасот. Голем број, пред се помлади момчиња пливаат во водите на реката Вардар натпреварувајќи се кој ќе го фати фрлениот крст од страна на свештено лице. Се верува (во христијанската религија) дека тој што ќе го фати крстот во водите, во текот на целата година ќе го следи среќа, здравје и божји благослов. По целиот обред, најсреќниот кој по водосветовата церемонија го има крстот во раце, со него ги посетува домаќините во своите живеалишта и по обичај е даруван за среќа и здравје на посетените членови на семејствата.