Air Bansko
Interreg
EU This project is co-financed by the European Union through
Interreg - IPA Cross-Border Programme "Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia"
Project “Affirmation of the natural and cultural values in the border region for better visibility and access” Ref. No CB006.1.21.183

Црквата „Свети Петка“, с. Милетково

Црквата Св. Петка е стара црква, изградена пред 1860 година. Но, првичната црква била опожарена и изгорена за време на Првата светска војна. По војната била обновена, но во 1931 година повторно била разурната од катастрофален земјотрес. По вторпат била обновена во 1932 година. Денешната црква Света Петка е трикорабна, со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид (од надвор). Покривната конструкција е на две води. Објектот е изграден од обичен камен. На јужната и западната страна има отворен трем. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот од западната страна. Иконите, што го исполнуваат иконостасот, се од поново време. Некои од нив се датирани во 1932 година, кога, всушност, била обновена црквата. Црквата не е живописна.

Телефон

не

Вид транспорт

со кола, автобус и пешачки

Веб, ел. пошта

не

Достапност

асфалт + 100 м земјен пат

Работно време

н/а

Потреба на спец. облека

нормална облека

Адреса

н/а

Паркирање

Да

Странски јазици

MK,SR,BG

Надморска височина

94 m

Цена на билет

н/а

До Гевгелиjа по воздух

16.5 км

Координати

41.2839131,22.4610899

До Гевгелиjа по патишта

20.4 км

Услуги на место

не

Покажи на картата

lets_go_there


Back