This project is co-financed by the European Union through
Католичката црква моментот на појавата на првите верници го создала во времето на македонската преродба во шеесеттите години на 19 век како резултат на отпорот кон Патријаршијата и нејзиното елинизаторско делување. За прв унијатски свештеник бил поставен Даниел Мирчев, кој служел во Сеово, а од 1884 год. и во Гевгелија. Во Гевгелискиот регион голема дејност развиле отец Јосиф Алоати и неговата сестра Еврозија., кои основале унијатски манастир во село Паљурци во кој имало меѓудругото и ред на сестрите ефхаристинки. Тие во 1901 отвориле сестрински дом во Гевгелија во приватна куќа на Глигор Ичев, а потоа во адаптирана куќа на некој дедо Марко се до 1911 год. Во таа година била купена куќата на Андонови и прилагодена за сестрински дом и за училиште во кое предавале сестрите на македонски јазик. Унијатите се повеќе го добивале името католици, а како носител на католичкото делување е домот на сестрите ефхаристинки и црквата „Свети Петар и Павел“.
|
Телефон |
не |
Вид транспорт |
со кола, автобус и пешачки |
|
Веб, ел. пошта |
не |
Достапност |
асфалт |
|
Работно време |
07:00-17:00 |
Потреба на спец. облека |
нормална облека |
|
Адреса |
ул. Ристо Фршинин |
Паркирање |
Да |
|
Странски јазици |
MК,СР,БГ |
Надморска височина |
61 m |
|
Цена на билет |
н/а |
До Гевгелиjа по воздух |
0 км |
|
Координати |
41.1387679,22.5051777 |
До Гевгелиjа по патишта |
0 км |
|
Услуги на место |
продавници, барови и ресторани во близина |
Покажи на картата |