This project is co-financed by the European Union through
Единствениот зачуван објект од Отоманската архитектура во Гевгелија, од крајот на XIX век, е градскиот Амам. Објектот е ставен под заштита на државата (Решение бр. 08-2304/2 од 31.12.2003 год.), врз чија основа е прогласен за Споменик на културата. „Амамот“ (турска бања) се наоѓа во центарот на градот, северно од поранешниот градски пазар,. Изграден е во почетокот на XIX век.
Со донаторски средства од збратимената општина – Карач од Република Турција, средства од Општината и од Министерството за култура Амамот е обновен, реконструиран и прилагоден во ликовна галерија, која работи во составот на Националниот музеј. Зачуван е неговиот доминантен и првичен изглед со две куполи, една мала и другата голема, обложени со бакар, со главна одаја, каде што била сместена турската бања со огромен централен мермерен постамент и странични седала и со мала приемна одаја. Реконструираниот Амам, успеа да се спротивстави на „забот на времето“ и опстане за идните генерации на градот Гевгелија. Амамот е ставен под заштита на споменици на Р. Македонија.
До Амамот постои паркинг простор.
|
Телефон |
т: +38934213660 ; ф: +38934218673 |
Вид транспорт |
со кола, автобус и пешачки |
|
Веб, ел. пошта |
Достапност |
асфалт |
|
|
Работно време |
08:00-16:00 |
Потреба на спец. облека |
не |
|
Адреса |
ул. 7 Ноември |
Паркирање |
Да |
|
Странски јазици |
MK, EN, BG, SR, GR |
Надморска височина |
62 m |
|
Цена на билет |
н/а |
До Гевгелиjа по воздух |
0 км |
|
Координати |
41.1410497,22.5018303 |
До Гевгелиjа по патишта |
0 км |
|
Услуги на место |
продавници, барови и ресторани во близина |
Покажи на картата |