This project is co-financed by the European Union through
Владовиот конак е изграден 1906 година, а во 1992 година бил пренаменет во Народен музеј. Во него се сместени повеќе одделенија од праисторијата, античкиот период, но и етнолошка и историска збирка. Огромен број раритети кои потекнуваат од 8 до 4 век пред нашата ера, се најдени на локалитетите: Сува Река, Милци, Бишов Јавор и Парагон, а дел од нив нашле свое место во депоата на музејот во Гевгелија. Предметите што се пронајдени зборуваат за цивилизацијата која го достигнала врвот во материјалната и духовната култура. Во посебни магацински простории се откриени огромни питоси за жито, вино или масло, мегарска чашa со симбол на македонскиот штит, сребрени монети со ликот на Александар Македонски, како и аморфи за вино, садови за миризливи масла, и други раритети од класичниот и предримски период.
|
Телефон |
т:+38934213660 ; ф: +38934218673 |
Вид транспорт |
со кола, автобус и пешачки |
|
Веб, ел. пошта |
Достапност |
асфалт |
|
|
Работно време |
08 - 16 (пон-пет); за групи се можни посети и Сабота и Недела |
Потреба на спец. облека |
не |
|
Адреса |
Ул. Маршал Тито 26, Гевгелиjа |
Паркирање |
Да |
|
Странски јазици |
MK, EN, BG, SR, GR |
Надморска височина |
56 m |
|
Цена на билет |
60 денари за сингл и 30 за групи |
До Гевгелиjа по воздух |
0 км |
|
Координати |
41.1423180,22.5091393 |
До Гевгелиjа по патишта |
0 км |
|
Услуги на место |
продавници во близина |
Покажи на картата |