This project is co-financed by the European Union through
Вардарски Рид е централниот простор во гевгелиско, на кој континуирано се живеело во текот на повеќе од 1000 години, од крајот на бронзеното време (XIII век пред н.е.) до доаѓањето на Римјаните (II-I век пред н.е.). Низ шест последователни населби, почнувајќи од мала праисториска населба на Ридот 1, во текот на V и IV век пред н.е. израснал старомакедонскиот град - античка Гортинија, град посведочен во историските извори како еден од центрите на Античка Македонија. По прекин на населбата повеќе од 1000 години, во полниот среден век (ХI-ХIII век н.е.), секторот некропола повторно се користел за погребување на населението од Вардарски Рид. Откриените наоди на шесте од истражуваните сектори претставуваат остатоци од старомакедонскиот град кој постоел (V-I век пред н.е.), а во секторот ’’Некропола’’ се погребување од најстарата - иницијална населба од крајот на бронзеното доба (XIII век пред н.е.) и од најмладиот средновековен хоризонт.
|
Телефон |
за повеќе информации контактирајте го Музејот на Гевгелија |
Вид транспорт |
со кола, автобус и пешачки |
|
Веб, ел. пошта |
Достапност |
асфалт |
|
|
Работно време |
24/7 |
Потреба на спец. облека |
не |
|
Адреса |
не |
Паркирање |
Да |
|
Странски јазици |
н/а |
Надморска височина |
69 m |
|
Цена на билет |
н/а |
До Гевгелиjа по воздух |
0 км |
|
Координати |
41.1490356,22.5213390 |
До Гевгелиjа по патишта |
0 км |
|
Услуги на место |
мотел, бар и ресторан во близина |
Покажи на картата |