This project is co-financed by the European Union through
„Стара Чаршија“ се наоѓа во центарот на градот и е ставена под заштита на споменици со посебно историско значење. Препознатлива градба, типична ориентална чаршија, по самата калдрма од камени блокови и мали двокатни дуќани залепени еден до друг, што ја отсликува македонската градба на XIX век. Збиени на едно место, сконцентрирани и претпазливи од честите кражби на крџалиски, дезертерски и одметнички банди. Градена е на крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Во Старата Чаршија биле сместени повеќе трговски, занаетчиски и угостителски дуќани, кои успешно го опслужувале граѓанството и жителите од градот и блиските населени места со разновидна стока, почнувајќи од прехранбени производи па са до занаетчиски и други производи. Поголем дел од трговските дуќани кои се конципирани како приземје и кат, ги држеле турски и еврејски трговци, кои по Балканските војни, започнале масовно да се иселуваат од регионот, претежно турските граѓани кои нај повеќе се иселиле во Истанбул и Измир во Република Турција. Но, и покрај тоа Старата Чаршија продолжила да опстојува и со истиот лик е трговско и занаетчиско мало до денеска. Сите градби во Старата Чаршија се автентични и се историски споменици на Гевгелија.
До Старата турска чаршија постои паркинг простор.
|
Телефон |
н/а |
Вид транспорт |
со кола, автобус и пешачки |
|
Веб, ел. пошта |
н/а |
Достапност |
асфалт |
|
Работно време |
24/7 |
Потреба на спец. облека |
не |
|
Адреса |
ул. Бранд Петрушев |
Паркирање |
Да |
|
Странски јазици |
н/а |
Надморска височина |
62 m |
|
Цена на билет |
н/а |
До Гевгелиjа по воздух |
0 км |
|
Координати |
41.1397496,22.5022722 |
До Гевгелиjа по патишта |
0 км |
|
Услуги на место |
продавници, барови и ресторани во близина |
Покажи на картата |