This project is co-financed by the European Union through
Според кажувањата на стар гевгеличанец Ванчо Карајанов, оваа зграда датира некаде од 1911 година, но последните истражувања, велат дека зградата е изградена осум, девет години пред почетокот на дваесеттиот век, од некој Турчин, кој планирал долниот дел од зградата да функционира како банка, а горниот кат да биде за домување, за неговото семејство. Архитектурата е со многу богати орнаменти, од кои се препознава еден цвет од афион, којшто во тој период доминирал на овие простори. Зградата е од особено значење за Гевгелија, затоа што таа низ годините станува препознатлив декор, но и „бренд“ со кој се гордее градот. Ја граделе мајстори од Дебар, кои не биле случајно избрани, тие биле надалеку познати по својата работа, а се претпоставува дека ваква слична куќа имаат изградено и во Солун. Носечкиот столб, кој се наоѓа на долниот кат, е потпирач на меѓукатната конструкција и е лиен специјално за оваа намена во Солун. Библиотеката поседува значајна колекција на оригинални дела, меѓу кои и книгата „Огледало“ напишана од македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ, а отпечатена во 1816 година во Будим. Во 1945 год. читалиштето прераснува во народна библиотека и го носи името на Гоце Делчев. Од 1950 година работи во денешните простории т.е. во Беширов конак – објект под заштита на Министерството за Култура на РМ од прв ред и сопственост на Општина Гевгелија. Во почетокот, библиотеката работи во приземјето на денешните простории, а од 1985 год. се користат и просториите на катот, како и во простории во приватен објект .
|
Телефон |
+38972266910 ; факс: +38934211564 |
Вид транспорт |
со кола, автобус и пешачки |
|
Веб, ел. пошта |
Достапност |
асфалт |
|
|
Работно време |
07 - 20 (пон-пет) 8-14 (саб); од 1 септември до 15 јуни не работи во сабота |
Потреба на спец. облека |
не |
|
Адреса |
ул. Васо Карајанов 1, Гевгелија |
Паркирање |
Да |
|
Странски јазици |
MK, EN, BG, SR, HR, GR |
Надморска височина |
62 m |
|
Цена на билет |
членарина за локални (150 денари) и 10 денари за секоја книга |
До Гевгелиjа по воздух |
0 км |
|
Координати |
41.1403652,22.5051468 |
До Гевгелиjа по патишта |
0 км |
|
Услуги на место |
продавници, барови и ресторани во близина |
Покажи на картата |