This project is co-financed by the European Union through Аргир Наков Манасиев (15 мај 1872 - 7 септември 1932) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Манасиев завршил француски колеџ во Солун и потоа учителствувал во Ново Село и Негован, Солунско, Смоквица, Гевгелиско и градот Гевгелија.
Привлечен е од Гоце Делчев во редовите на ТМОРО. Активно учествува во создавањето на нови комитети и проширување на мрежата на Организацијата. Откриен од турските власти во 1901 година станува нелегален. Војвода е на чета во Гевгелиско. Учествува во Илинденското востание и заедно со Сава Михајлов организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија. По крајот на Првата светска војна, од 1919 година до крајот на својот живот живеел во Горна Џумаја.