This project is co-financed by the European Union through
Георги Старделов е македонски естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик. Тој е роден во 1930 г. во Гевгелија. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965 година. Бил професор на Философскиот факултет во Скопје (1956-1966), негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар. За неговиот севкупен творечки опус, на Философскиот факултет во Скопје е одбранета докторска дисертација под наслов „Естетичките, културолошките и литературно-критичките концепции на Георги Старделов“ (1977).За член на МАНУ бил избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година бил потпретседател на МАНУ а од 2009 Бил нејзин потпретседател раководител на Лексикографскиот центар, за да од 1 јануари 2008 година стане претседател на МАНУ. Во МАНУ, од 1993 година раководел со макро проектот „Историја на културата на Македонија“ од кој во негова редакција биле издадени 20 тома. Бил член на редакцијата на списанието за литература, култура и уметност „Современост“. Старделов е плоден научен работник во повеќе дисциплини (филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата.