Air Bansko
Interreg
EU This project is co-financed by the European Union through
Interreg - IPA Cross-Border Programme "Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia"
Project “Affirmation of the natural and cultural values in the border region for better visibility and access” Ref. No CB006.1.21.183

Оџак на Филатурата, Гевгелиja

„Филатура“ (Филандра за точење свила) се наоѓала во центарот на градот, веднаш до некогашното најпрометното трговско мало – „Стара чаршија“. Денес од Филатурата, остана само еден мал дел со еден од оџаците, кој што е ставен под заштита на културни споменици на РМ и е остаток од некогашниот најпрофитабилен бизнис во XIX век во Гевгелија. Се претпоставува дека како Мануфактурна работилница – филандрата е изградена и отворена веднаш по формирањето на Гевгелија како градска населба, и тоа од браќата Лазар и Иван Ралеви во 1936 година. Тука се вршело откуп на свилени кожурци и точење на свилениот кожурец во свилен конец, производ кој што се добивал од свилените буби кои се одгледувале во многу населени места во регионот, при што значаен е податокот дека гевгелиско се споменува како најголем производител на свилена буба на Балканскиот Полуостров се до почетокот на Балканските војни. Фабриката функционирала се до 1951/52 година каде голем дел од алатките и мануфактурните машини се наоѓаат во музејот во Велес, а се однесени таму по рушењето на остатоците од Филатурата. На просторот каде што се наоѓал поголемиот дел од Филатурата денес е изграден станбено – деловен комплекс.

Телефон

н/а

Вид транспорт

со кола, автобус и пешачки

Веб, ел. пошта

н/а

Достапност

асфалт

Работно време

24/7

Потреба на спец. облека

не

Адреса

н/а

Паркирање

Да

Странски јазици

н/а

Надморска височина

62 m

Цена на билет

н/а

До Гевгелиjа по воздух

0 км

Координати

41.1398062,22.5017562

До Гевгелиjа по патишта

0 км

Услуги на место

продавници, барови и ресторани во близина

Покажи на картата

lets_go_there


Back