Air Bansko
Interreg
EU This project is co-financed by the European Union through
Interreg - IPA Cross-Border Programme "Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia"
Project “Affirmation of the natural and cultural values in the border region for better visibility and access” Ref. No CB006.1.21.183

Споменик на Ристо Шуклев, с. Негорци

Еден од активните соработници на Народноослободителната борба и жртва на фашизмот, Ристо Шуклев - роден е на 25.10.1912 г во Негорци. Учествувал во акции на прогресивните младинци во текот на 1939/40г на просторот на Негорци и Горничет. Со излегувањето на првите партизани од гевгелискиот крај во април 1943 г, тој учествувал во собирање храна, облека и друг материјал. Станал член на КПЈ во октомври 1943 г. Работел како службеник за војни прашања па за потребите на Општинскиот комитет доставувал списоци за војни обврзници. Ристо Шуклев на 25 декември бил затворен со обвинување дека доставува доверливи податоци од воен карактер на партизаните. По неколкудневно ѕверско мачење во истражниот затвор во Гевгелија заедно со уште тројца затворени активисти од Негорци, на 4.01.1944 г се однесени во месноста „Мала река “ западно од Гевгелија за да покажат каде се партизаните. По ѕверското мачење, биле убиени, а во декември 1944 г нивните посмртни останки се пренесени и погребани во Негорци.

Телефон

н/а

Вид транспорт

со кола, автобус и пешачки

Веб, ел. пошта

н/а

Достапност

асфалт

Работно време

24/7

Потреба на спец. облека

не

Адреса

н/а

Паркирање

да, во 50 м.

Странски јазици

н/а

Надморска височина

74 m

Цена на билет

н/а

До Гевгелиjа по воздух

5.2 км

Координати

41.1832196,22.4803532

До Гевгелиjа по патишта

5.6 км

Услуги на место

бар, продавница и ресторан во близина

Покажи на картата

lets_go_there


Back