This project is co-financed by the European Union through
Сава Михаjлов (1877 - 1905), македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.
Завршува гимназија во Солун и потоа е учител во Горна Џумаја, каде што е и реонски раководител на ТМОРО. Таму е предаден и по фаќањето на мис Стон, се присоединува кон четата на Јане Сандански. Од почетокот на 1903 е војвода во Гевгелиско. Учествува во Илинденското востание и заедно со Аргир Манасиев организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија. Загинува на 1 март 1905 година кај селото Смол, Гевгелиско. Предадени од некои овчари Арнаути, заедно со четата на Апостол Петков (заедно 42 лица) се опколени од турска војска. Во борбата загинуваат 36 души, меѓу нив и Сава Михаjлов. Сава Михајлов сам се отрул, за да не биде фатен жив од Турците. Турската влада им доделува награди на сите учесници од турска страна со медали, пари итн. За време на НОБ во Втората светска војна гевгелискиот партизански одред го носел името на Сава Михајлов.
|
Телефон |
н/а |
Вид транспорт |
со кола, автобус и пешачки |
|
Веб, ел. пошта |
н/а |
Достапност |
асфалт |
|
Работно време |
24/7 |
Потреба на спец. облека |
не |
|
Адреса |
ул. 7 Ноември |
Паркирање |
да, во 10 м. |
|
Странски јазици |
н/а |
Надморска височина |
62 m. |
|
Цена на билет |
н/а |
До Гевгелиjа по воздух |
0 m. |
|
Координати |
41.1401201,22.5026286 |
До Гевгелиjа по патишта |
0 m. |
|
Услуги на место |
продавници, барови и ресторани во близина |
Покажи на картата |