This project is co-financed by the European Union through Ве информираме дека на 31.08.2017 (Четврток) во гр. Банско, х-л "Орфеј" се одржа еднодневна конференција за почетокот на проектот "Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап" по Interreg - Прекугранична програма на ИПА "Бугарија - Поранешна Југословенска Република Македонија" реф. No: CB006.1.21.183, финансиран во рамки на приоритетната оска 2: Туризам; Област на интервенција: 2.2 Подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка за подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство. Имаше 21 учесник од двете земји на проектот, исто така и претставници на медиумите. Беа презентирани основните и специфични цели, активности, како и очекуваните проектни производи и резултати. Проектот е инвестиција с времетраење 24 месеци до 06.07.2019, одобрен формулар за апликација CB006.1.21.183. Реализира во партнерство со Општина Гевгелија, Република Македонија како лидер и Агенција за економски развој Банско - проектен партнер. Вкупниот одобрен буџет е во износ од 215 312.40 €, како од нив 183 015.53 се од IPA Funds, 6 843.06 се кофинансирање од буџетот на Република Бугарија и 25 453.81 се кофинансирање од буџетот на Република Македонија. 
